Со „порше“ летал 272 км/час на автопатот Скопје – Велес

Полицијата не презела мерки против возач на „порше“, кој се движел 272 километра на час на автопатот Скопје – Велес во мај годинава. Сега МВР поведде постапка против началници и полициски службеници што не го санкционирале возачот, туку само го предупредиле.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„По извршените проверки, преглед во службениот материјал и увид во видеоснимките од радарот за 6 мај 2024 констатирано е дека двајца полициски службеници, постапувајќи по наредба за мерење на брзината на движење на возилата со радар на автопатот Скопје – Велес, констатирале сообраќаен прекршок, односно измериле брзина на движење на моторно возило ‘порше’ од 272 километри на час на место на кое движењето било ограничено на 120 километри на час со сообраќаен знак“, велат од МВР.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Наместо да изготват записник за констатиран прекршок и прекршочен платен налог имајќи предвид дека за ваков вид прекршок во согласност со член 36 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е предвидена глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност и забрана за управување со моторно возило од шест до 12 месеци, на сторителот му изготвиле само предупредување за сторен сообраќаен прекршок.

Началникот на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата побарал од началникот на Одделот за униформирана полиција – Сектор за сообраќајни работи да не биде напишана казна за сторениот прекршок поради што началникот на Одделот за униформирана полиција – Сектор за сообраќајни работи извршил влијание врз полициските службеници да не констатираат прекршок по член 36 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, туку само да изречат предупредување.

Против четворицата полициски службеници поднесен е и предлог за поведување постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплината.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: