Собранието ги изгласа измените на Законот за игрите на среќа

kazino
kazino

Собранието денеска во рамки на 140. седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Опозоциската ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш побара тој да биде повлечен, но владејачкото мнозинство не го изгласа предлогот. Законот беше изгласан с 55 гласови на пратениците.

Zito akcija 640x289px

Пратеникот Александар Николовски рече дека постојат огромни сомнежи за криминал во лотарија, европското знаменце е злоупотребено, а спорни се и доделувањето четири лиценци за игри на среќа.

Agria

-Да поедноставам на телефон да можат децата да се обложуваат или да се коцкаат, рече Николовски додавајќи дека на законот е потпишан министерот Артан Груби потсетувајќи дека законот не може да важи ретроактивно.

Претходно членови на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) на протест пред законодавниот дом повторно го изразија својот револт од усвојувањето на законот.

Тие апелираа до претседателот Стево Пендаровски да не го потпише указот за овој Закон.

Можеби ќе ве интересира:

kazino

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: