Собранието го изгласа францускиот предлог, опозицијата ја напушти седницата

Со 68 гласа „За“ пратениците во Собранието денеска ги усвоија заклучоците за таканаречниот француски предлог со кој треба да се откочат македонските евроинтеграции. Немаше против и воздржани пратеници. Усвојувањето на предлогот беше дочекан со аплауз од пратениците од владејачкото мнозинство.

Zito akcija 640x289px

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на дебатата и пред гласањето ја напуштија собраниската сала.

Agria

Три дена пратениците раправаа за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Дебатата во Собранието постојано се одвиваше во слична атмосфера како што започна со користење на вувузели и свирежи од пратениците на ВМРО ДПМНЕ додека се обраќаа пратениците на СДСМ.

Во меѓувреме група на граѓани протестираат пред законодавниот дом против францускиот предлог со транспаренти и извици на негодувања. Притоа демонстрантите фрлаат и тоалетна хартија кон зградата на Собранието.

Заклучоците сега од Собранието се испраќаат до Владата, која треба да ги усвои. Информација за содржината на Нацрт-преговарачката рамка за пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија беше предложена од француското претседателство на Советот на Европската Унија на 30 јуни. Таканаречениот француски предлог за укинување на бугарското вето и почеток на пристапните преговори, зад кои застана целата ЕУ, во Македонија наиде на отпор од македонската опозиција, дел од граѓаните, академската јавност и невладините организации.

Почетокот на преговорите на ЕУ со Македонија е блокиран со бугарското вето од ноември 2020 година поради спор околу јазикот и историјата, а Брисел го врза напредокот на Тирана на патот кон ЕУ со напредокот на Македонија. Една година претходно, европскиот пат на двете земји беше блокиран од Франција, инсистирајќи на промена на методологијата за преговори.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/31251/uapsen-eden-od-najbaranite-kriminalczi-vo-svetot-amerikanczite-baraat-negova-itna-ekstradiczija/