Собранието ја констатира оставката на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска

Собранието на денешната 64-та седница ја констатира оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска. Претседателот на Собранието Африм Гаши истакна дека до почетокот на седницата, Димитровска го известила Собранието дека ќе ја образложи оставката.

„Собранието врз основа на член 121 став 2 од Деловникот на Собранието констатира дека и престанува функцијата претседател на Државната комисија за спречување на комисијата“, истакна Гаши.

Agria

Димитровска поднесе оставка во петокот на 25 јули, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и поднесе обвинение за две кривични дела и тоа за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна. Димитровска во оставката се повика на чл. 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупција без друго образложение.

Собранието на барање на пратеничката група на „Европскиот фронт“ даде пауза од еден час, по која се очекува да се расправа за интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител – Љупчо Коцевски, поднесена од опозициската Левица.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: