Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19 Целзиусови степени, а максималната од 24 до 34 степени.
Во Велес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 18 до 33 Целзиусови степени.