
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Содржината продолжува под рекламата
Утринските температури се движат од 15 до 21, додека највисоките во текот на денот ќе бидат во интервалот меѓу 30 и 39 Целзиусови степени. Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде 8.
Содржината продолжува под рекламата
Во Велес сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Можеби ќе ве интересира:
- Се уредува помошното игралиште во Велес, ќе биде подготвено за пролетниот дел од сезоната
- Коцевски за Извештајот на ЕК: Тоа се фактите, недостасуваат човечки и материјални ресурски
- ОЈО бара притвор за полицаец осомничен за учество во кражбата на кабли од скопска „Железара“
- Локални врнежи претпладне, до крајот на денот стабилизирање на времето
- МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ
















