Сончево и топло со температури до 25 степени

Veles utro soncevo noemvri 2023

Сончево и релативно топло – вакво време, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) – нè очекува денеска во земјава. Ќе има мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од 1 до 8 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 18 до 25 степени.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во Велес, времето денеска, ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде 5 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се искачи до 23 степени.

Можеби ќе ве интересира: