Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, соопштија од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На Граничен премин Табановце има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Содржината продолжува под рекламата
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Можеби ќе ве интересира: