Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по влажни коловози

avtopat doz

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Почнувајќи од 08.4.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичиц е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тона, соопшти АМСМ.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37653/veleshanka-povredena-na-rabotno-mesto/