Состојбата со коронавирусот во Велес е алармантна

dezinfekcija na ulici veles
dezinfekcija na ulici veles

Состојбата со коронавирусот во Велес е алармантна, оцени Општинскиот кризен штаб, кој утрово одржа состанок. Оттаму очекуваат во следните денови бројот на заразени да опаѓа поради широко распространетата зараза во градот, но велат дека нема место за опуштање.

Zito akcija 640x289px

Од штабот информираат дека дел од граѓаните кои биле позитивни на вирусот и кои потоа оздравеле, имаат проблем да се вратат на работа.

Agria

“Поголем број оздравени граѓани, кои имаат два последователни негативни теста не можат да се вратат на работа, бидејќи се уште се во системот на позитивни пациенти, со што штета трпат и компаниите и државните институции во кои тие работат”, рече Аце Коцевски, градоначалник на Велес.

Состојбата во велешката болница е крајно сериозна, оценува кризниот штаб. Пополнети се сите болнички кревети на инфективното одделение, а само за три дена и на интерно оделение, па интензивно се подготвува одделението за физикална терапија да прими пациенти со ковид-19.

“За да се намали притисокот врз болницата и матичните лекари, денеска повторно се разговараше за идејата да се отвори посебен тријажен центар кој ќе има обезбедена лабораторија и рентген, во кој ќе се прегледуваат пациенти со ковид-19. Ќе се обидеме да најдеме соодветна просторија”, рече Коцевски.

На инфективното одделение на велешката болница во моментов се лекуваат 56 пациенти, од кои 53 имаат потврден позитивен тест, а тројца се сомнителни случаи. 20 пациенти имаат потешки симптоми и добиваат кислородна поддршка. Од вкупниот број пациенти хоспитализирани на “заразно”, 49 се од Велес, петмина од Свети Николе, еден е од Градско и еден од Струмица.

Во Здравствениот дом во Велес има осум позитивни вработени, од кои тројца доктори, три медицински сестри и двајца возачи.

Во Велес во моментов има 577 активни случаи со коронавирус, а денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: