Состојбата со коронавирусот во Велес е стабилна, повторно нема регистрирано нов случај во изминатите 24 часа

foto novo dron Veles

Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа не е регистриран нов случај на коронавирусот, a нема и ниту оздравен пациент. Бројот на активни случаи во Велес кои се заразени со коронавирусот е четири лица.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на КОВИД-19 од:

Agria

Скопје и Тетово по 3, Охрид и Кичево по 2 и по еден во Куманово, Прилеп и Струмица.

Регистрирани се и 31 оздравен пациент од Скопје – 14, Кичево – 4, Прилеп – 3, Куманово, Битола и Кочани по 2 и по еден од Тетово, Гостивар, Крива Паланка и Кратово.

Не се регистрирани нови починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 859.226 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.640, бројката на оздравени пациенти е 149.908, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 255.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21696/vasheto-omileno-kafe-nepogreshlivo-ja-otkriva-vashata-lichnost/