Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа не е регистриран нов случај на коронавирусот, нема оздравен пациент . Бројот на активни случаи во градот е пет.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.147 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје – 3, Тетово – 2 и Струмица – 1.
Регистрирани се 4 оздравени пациенти, не се регистрирани починати лица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.669, бројката на оздравени пациенти е 149.950, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 235.
Можеби ќе ве интересира: