Состојбата со коронавирусот во Велес е стабилна, повторно нема регистрирано случај на Ковид-19

veles

Според извештајот на министерството за здравство во последните 24 часа во Велес не е регистриран ниту еден нов случај на коронавирусот, a во моментов бројката на активвни велешани кои што се заразени со коронавирусот изнесува двајца граѓани.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 2.518 тестирање, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 11, Скопје – 8.

Agria

Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје – 2, Прилеп и Тетово – по 1. Не e регистриран ниту еден починат пациент.

Досега во Македонија се направени вкупно 900.165 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.760, бројката на оздравени пациенти е 150.118, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 156.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22128/kako-da-se-spasite-od-brachna-raspravija-za-vreme-na-odmorot/