Советникот на Стејт департментот Шоле денеска во Скопје

derek sole sovetnik stejt department
derek sole sovetnik stejt department

Советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле денеска ќе ја започне посетата на Западен Балкан со разговори во Скопје, при што ќе престојува и во Приштина и Белград, со цел да ја нагласи постојаната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет во регионот. Шоле денеска ќе разговара за повеќе прашања со претставници на владата на Северна Македонија, вклучително енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Американскиот функционер потоа ќе замине во Приштина, каде што ќе разговара со претставници на косовската влада, политички лидери и претставници на граѓанското општество за напорите на САД да помогнат во подобрувањето на евроатлантската интеграција на Косово, како и за дијалогот, под раководство на ЕУ, за постигнување сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Утре Шоле ќе престојува во Белград. Шоле требаше да ја посети Македонија во декември, но таа посета беше откажана бидејќи, како што беше соопштено, американскиот дипломат бил заразен со коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: