СП: Меси и компанија на мегдан со Мексико, Франција против Данска

argentina
argentina

И денеска на програмата исто така се четири мечеви и тоа од 2.коло во групите Ц и Д. Секако дека во преден план е настапот на Аргентина и Лео Меси, посебно по оној шокантен пораз од С.Арабија на стартот. Вечерва од 20 часот “гаучосите“ се среќаваат со Мексико, ова за нив е меч кој е од пресудно значење. Аргентина мора, ама баш мора да победи.

Zito akcija 640x289px

Сепак денот почнува со мечот меѓу Тунис и Австралија (11 Ч). И двете селекции се под императивот на победа, сепак Тунис има веќе освоено бод, но се знае дека на последниот меч игра со Франција.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Кога сме кај Франција секако дека светскиот првак во случај на триумф над  Данска (17 Ч), ќе стави печат на пласманот во осминафиналето. Од друга Данска по бледото издание на првиот меч со Тунис, би морала да заигра на своето ниво, но Данците играат против Франција која во првото коло покажа најмногу.

И во последниот меч или вториот денеска, Полска се среќава со С. Арабија (14 часот). Саудијците веќе се хит по оној триумф над Аргентина. Полска ќе си има големи, големи проблеми, а треба да победи.

Натпревари кои ќе се одиграат денеска

11:00 часот

ГРУПА-Д (2.КОЛО)

ТУНИС – АВСТРАЛИЈА

Стадион: Ал Жануб (Ал Вакра)

14:00 Ч

ГРУПА-Ц (2.КОЛО)

ПОЛСКА – С.АРАБИЈА

Стадион: Едукатион Сити (Ал Рајан)

17:00 Ч

ГРУПА-Д (2.КОЛО)

ФРАНЦИЈА – ДАНСКА

Стадион: 974 (Доха)

20:00 Ч

ГРУПА-Ц (2.КОЛО)

АРГЕНТИНА – МЕКСИКО

Стадион: Лусаил Иконик (Лусаил)

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: