Спасовски до работниците: Не потпишувајте спогодби за отказ (ВИДЕО)

Oliver Spasovski 02.04.2020

Нема драстични отпуштања од работа по кризата со коронавирусот, рече премиерот Оливер Спасовски. Тој апелира работниците да не потпишуваат спогодбени откази, а работодавачите да покажат солидарност и да понесат дел од товарот затоа што и после кризата сите заедно треба да ја продлжат економската активност на државата. Наместо секој да калкулира и да гледа да добие нешто од кризата, порача, треба да настапува обратно да знае дека нешто мора и да се изгуби.

Zito akcija 640x289px

„Факт е дека нема драстичен број на луѓе кои се отпуштени од работа, постои една нормална флуктуација, едни одјавени, пријавени нови, има отпуштања некоја бројка, има и нововработени, меѓутоа тоа не е бројка која драстично отскокнува во овој период. Во тој дел состојбата не е таква како што скааат да се прикаже, рече Спасовски“, одговарајќи на прашање на Батали.нет.

Agria

Работниците, дополни, не треба да потпишуваат спогодби за отпуштање од работа.

„Во оваа ситуација државата помага многу на работниците, прави се што е можно да ги задржат работните места, но мора и работниците да си помогнат на себе, а најмалку што можат да направат е да не потпишуват спогодбени откази. Има Закон за работни односи којшто ги штити и постојат две опции на основа на кои тие можат да не одат на работа, а да користат придобивки од Законот. Ако е заради економска неактивност се исплаќа 70 проценти од платата, а ако е заради виша сила 50 проценти“, појасни Спасовски.

Целата прес конференција можете да ја погледнете тука: