Спасовски и Сугарески направија увид на експресниот пат Штип-Радовиш

97333008_2286680998306015_486587749885804544_n

Премиерот Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, заедно со директорот на ЈП државни патишта Зоран Китанов, денес направија увид во градежните активности на изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш.

Zito akcija 640x289px

“Можам да констатирам дека изградбата на експресниот пат се одвива со одлично, забрзано темпо. Реализацијата на работите е извршена до 83%, и доколку дозволат временските услови се очекува експресниот пат да биде завршен и пред предвидениот рок.
Крајниот рок за завршување на оваа делница, од клучка Штип-југ до Бучим, вредна 27,13 милиони евра, е април 2021 година”, рече Спасовски.

Agria

Изградбата на овој пат би требало да има има големо влијание врз развојот на економијата и ќе придонесе за рамномерен регионален развој. Овој експресен пат се надоврзува и со автопатот Миладиновци-Штип, така што граѓаните од југоисточниот дел, за многу пократко време ќе патуваат и ќе пристигнуваат во главниот град.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: