Спасовски: Набрзо ќе заврши истрагата за лажните дојави за бомби и ќе ја известиме јавноста

Oliver Spasovski
Oliver Spasovski

Во истрагата и во обезбедувањето на информации и докази се вклучени сите капацитети на повеќе сектори на министерството за внатрешни работи, како и партнерските служби и иако досега сите дојави се лажни, по секоја мора да се постапува по строго дефинирани протоколи кои не може да се изземат, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Zito akcija 640x289px

Според него, она што е карактеристично е што заканите се појавуваат во среда, четврток и петок и само во одредена смена на ученици и наставници и тоа се дел од аспектите кои се анализираат. Содржините на мејловите, нагласува Спасовски, се различни.

Agria

„Денес имаше таква содржина дека некој наводно сакал да преговара. Но, со терористи нема преговори„, потенцираше Спасовски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој најави дека сите информации и заклучоци МВР ќе ги соопшти кога ќе заврши истрагата и ќе има реализација, што ќе биде за многу брзо.

„Штом ќе ги утврдиме сите факти и податоци, во соработка со јавното обвинителство ќе излеземе во јавност и се ќе биде транспарентно објавено“, истакна министерот.

Министерот за внатрешни работи истакна дека овие хибридни напади не се изолиран случај само во Северна Македонија, дека вакви напади има во САД, Србија, Хрватска, други земји членки на НАТО и ЕУ. Тој повика да не се политизира овој случај со цел ефикасно делување на институциите.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: