Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција упати порака до издавачите на викенд куќи – да не ги издаваат своите објекти за новогодишната ноќ, затоа што ќе следат санкции.
„МВР ќе постапува врз основа врз основа на законот. Таму каде имаме сознанија дека има групирања на лица, во издадени викенд куќи, ќе се направи увид и ќе се поднесе пријава. Тоа е кривично дело. Апел до издавачите, колку и да пари добивате за таа вика или викендица за новогодишната вечер, не се доволно за чувството дека ќе допринесете за здравјето на граѓаните. Да помогнеме на лекарите, државата, системот. Сите заедно да ги почитуваме мерките, ќе дојдат моменти на запирање на вирусот и организирање на прослави“, додаде Спасовски.
Тој рече дека веќе има оперативна акција од полицијата и се проверува издавањето на викенд куќи. Според него, за време на новогдишните празници, полицајците ќе прават увид и ќе поднесуваат пријави онаму каде ќе има групирања, што е спротивно на одлуките од Владата.
„Овие мерки никој не ги посакува, но се неизбежни во овој период. Треба самите да си помогнеме. Нема забрана за издавање на викенд куќи за семејства. Но кривично дело е издавање викендици на групи на луѓе. Превентивно реагираме на издавачите на викенд куќите. Ќе има засилени контроли. За полицијата ќе има многу работа, но здравјето на граѓаните е врвен приоритет и ќе се прави увид и во викендиците и ќе следуваат казни. Сериозна одговорност е издавањето на вилите“, истакна Спасовски.
Можеби ќе ве интересира: