Стампедо по фудбалски натпревар во Индонезија предизвика голема трагедија, по која животот го загубија нешто повеќе од 170 луѓе.
Навивачките групи на екипите на Арема и Персебаја се судрија, а хаосот настана кога полицијата употреби солзавец за да спречи поголем инцидент меѓу нив. Информациите велат дека преку 300 лица побарале помош во локалната болница.
Содржината продолжува под рекламата
Гостите го победиле големиот ривал со 3:2 пред полн стадион, па бесните домашни фанови втрчале на теренот каде настанал вистински хаос. Полицијата реагирала со солзавец обидувајќи се да спречи голем судир, но настанало стампедо поради паничниот обид на навивачите да излезат од стадионот и најмалку 174 од нив го загубиле својот живот.
Можеби ќе ве интересира: