Србија воведе задодолжителна самоизолација од 14 дена за граѓаните на Црна Гора

serbia_crna_gora_granica

Врз основа на проценката на актуелната епидемиолошка состојба во регионот, владата на Србија денеска донесе одлука сите црногорски граѓани кои влегуваат во Србија да минат низ период на задолжителна самоизолација од 14 дена.

Црногорските државјани се должни да ја пријават адресата на која ќе престојуваат во следните две недели по влегувањето во Србија, за надлежните органи да можат да го контролираат почитувањето на изречената мерка, се наведува во соопштението на српската Влада.

Agria

И натаму со најголемо внимание ќе се следи развојот на епидемиолошката состојба предизвикана од коронавирусот, во земјата и во регионот.

„Уште еднаш апелираме до сите граѓани да се придржуваат кон мерките и да бидат одговорни пред себе и другите“, апелираше српската Влада.

Извор: libertas.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: