Српски државјанин кој имал престој во Велес е уапсен од полициски службеници откако при претрес во неговиот дом било пронајдено оружје.
„На 12.12.2022 во 15.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.П.(37) од Република Србија, со престој во Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7.65 мм и една рамка за пиштол со седум куршуми калибар 7.65мм“, соопшти МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: