Средба меѓу Анѓушев, идната управа и фудбалерите на Борец за примопредавањето на клубот

Поранешниот претседател на Борец и прв човек на Брако, Кочо Анѓушев денеска во просториите на клубот ќе се сретне со идната управа и со фудбалерите на Борец. На средбата треба да се разговара за примопредавањето на клубот. На последниот состанок во петокот, Анѓушев рече дека на денешниот состанок ќе и посака успешна работа на новата управа и ќе ги охрабри играчите да ги продолжат договорите со Борец.

Zito akcija 640x289px

Сепак, тој бараше од луѓето кои ќе го водат клубот, да бидат сериозни и им сугерираше да го исполнат она, кое ќе им го ветат на фудбалерите. Претставниците на идната управа, на чело со Марјан Нацев, кој треба да биде новиот претседател на Борец, соопштија дека веќе прават финансиска конструкција, клубот да продолжи нормално да функционира. Двете страни се договорија заклучно со 31 јануари обврските на Брако кон клубот да престанат, а тие да ги преземе новата управа. Сепак, останува уште правниот дел, а тоа е префрлањето на сопственоста на акционерското друштво Борец 1919, кое треба да се случи неделава.

Agria

Сопственикот на Брако и довчерашен претседател на Борец, Кочо Анѓушев минатата недела соопшти дека се повлекува од финансирање на Борец, незадоволен од односот на ОФС Велес и ФФМ кон клубот. Тој ваквиот исход го најави десетина дена порано, на изборното Собрание на ОФС Велес, а три дена подоцна и во интервју за Батали.нет.

„Има два излеза од сегашнава состојба. Првото е да направи Собрание како што треба и во ФФМ да се испратат претставници како што треба. Доколку сакаат да остане по нивно, бидејќи му ги ветиле гласовите за нов претседател на ФФМ на Сејдини, а при тоа да се работи против Борец, тогаш јас немам друго решение. Видете, ако јас престанам да финансирам, Борец ќе ги изгуби фудбалерите, тренерите, веројатно нема да се појавува на терен и ќе биде испратен во најнизок ранг на натпреварување. За да не се случи тоа, јас им нудам коректно решение – ако тие инсистираат дека толку го сакаат фудбалот, бидејќи Ракиџиев рече дека тоа било бизнис, нека дојдат и во рок од три дена до една недела јас ќе им го препишам акционерското друштво Борец без надокнада и без ниту еден денар долг“, рече Кочо Анѓушев во интервју за Батали.нет, три дена по изборното Собрание на ОФС Велес.

Откако ден по откажувањето, ветераните на Борец се огласија и соопштија дека ќе се обидат да го спасат велешкиот прволигаш, се сретнаа со Анѓушев, кој повтори дека клубот ќе го предаде без долгови и без надомест.

Во меѓувреме, од клубот си заминаа фудбалерите Прелчец, Борха и Стојменовски и тренерскиот тандем Михаилов, Темелков. Кај останатите играчи постои расположение да останат во Борец, клубот во кој за нов шеф на стручниот штаб се споменува името на Борче Христов.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: