Средба ССМ-Влада

vlada-2

Средбата меѓу Сојузот на синдикати на Македонија и Владата ќе се одржи на 24. јануари и на неа ќе се разговара за барањата на синдикатот за зголемување на минималната плата и за примената на законските измени со кои недела е прогласен за неработен ден.

Zito akcija 640x289px

Од синдикатот бараат итно зголемување на минималната плата на 18 илјади денари и скалесто зголемување на сите останати плати, а нивно барање е и утврдување на правото на регрес во јавниот сектор.

Agria

На средбата, како што информираат од синдикатот, ќе се разговара и за примената на законот со кој недела е прогласен за неработен ден затоа што од страна на одредени работодавачи се крши законот, за што од страна на ССМ се доставени претставки до Трудовниот и Пазарниот инспекторат.

“ССМ јавно укажува дека отстапки нема да има и доколку прашањата не бидат решени преку социјален дијалог веднаш, ССМ ќе го повика работникот и членството на генерален сеработнички штрајк”, стои во соопштението од ССМ.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26767/vo-vozovite-kako-vo-frizhider-reagiraat-patniczi/