Во СВР Велес вчера во среде бел ден во 13 часот часот била пријавена групна тепачка на улица во Велес.
„На 16.01.2023 околу 13.00 часот на ул.„Самоборска“ во Велес, по кратка вербална
расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Б.Х. (26), Е.Х. (23) и С.Х. (49) од
една страна и Е.З. (22), С.З. (52) и К.З. (52) од друга, сите од Велес“, се вели во полицискиот билтен.
Од таму велат дека се работи на расчистување на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.