ССМ го започна генералниот штрајк пред Собранието

SSM Protest pred sobranie

Членовите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска стапија во генерален штрајк  бајарќи линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2 806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година.

Zito akcija 640x289px

ССМ утрово постави 120 столчиња пред Собранието на Република Северна Македонија, со потсетување до пратениците да го прифатат нивниот амандман на ребалансот на Буџетот за линеарно зголемување на платите за 2 806 денари, како во јавниот, така и во приватниот сектор. Столчињата ќе бидат поставени пред Собранието до 14 часот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Претседателот на ССМ Дарко Димовски посочи дека од сите народни избраници од сите политички партии кои нема да ја дадат поддршката на работниците преку прифаќање на амандманот, ќе биде побарана оставка врз основа на легитимното право што го имаат како претставници на работниците како ССМ.

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: