Сојузот на синдикати на Македонија појаснува дека штрајкот е неопходно решение за имплементирање на минималната плата од 18.000 денари.
-Со 15.200 денари минимална плата, а потрошувачка синдикална кошничка од 35.040 денари не ги задоволува потребите на четиричлено семејство. Штрајкот е неопходно решение на тоа што го бараме веднаш. Првата заложба ни е зголемување на платата за да преживееме во текот на следниот месец, кога ќе ни дојдат зголемени сметки за струја, топлинска енергија, нафтени деривати, изјави Дарко Димовски од ССМ во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
-Нас платите ни требаат веднаш и тоа уште утре да се случи. Го имаме во собраниска процедура, додава Димовски.
Претседателот на ССМ упати благодарност до Владата за замрзнувањето на основните прехранбени производи до 28-ми февруари.
Можеби ќе ве интересира: