ССМ поднесе предлог до парламентот за намалување на функционерските плати за 78 отсто

prazno-sobranie-banskoliev-19
prazno-sobranie-banskoliev-19

Сојузот на синдикатите на Македонија поднесе предлог до Собранието за намалување на платите на функционерите за 78 отсто.

Zito akcija 640x289px

Тие упатија отворено писмо до пратениците, со кое бараат измени на член 11 од Законот за платата и другите надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во државата.

Agria

„Сојузот на синдикатите на Македонија изминатиот период апелира до сите избрани и именувани функционери и им укажуваше дека несвојствено, нелогично и нечовечки е толку драстично да се зголемат платите на функционерите, особено во време кога работниците, граѓаните и пензионерите се соочени со справување со последиците од економската, здравствената и воената криза, зголемените трошоци за живот – инфлацијата, големиот раст на синдикалната минимална кошница, која ги отсликува само основните потреби на едно четиричлено семејно домаќинство, и тоа само за преживување.

Укажувавме дека функционерите, наместо да мислат на ранливите категории граѓани, работниците и пензионерите размислуваат единствено за себе и за своите потреби и си овозможија, без реални и оправдани причини за својот ангажман и работење, енормно зголемени плати за 78 % наеднаш, а што не е познато ниту во нашето опкружување ниту, пак, во друга држава во светот. Ние синдикалците и граѓаните не гледаме испорачани резултати од страна на функционерите на планот на подобрувањето на општествениот и економскиот развој ниту, пак, видовме зголемен ангажман и зголемена продуктивност на функционерите за 78 % за потоа да добијат ваквото енормно зголемување на платите од 78 %“, се наведува во отвореното писмо што Сојузот го упати до пратениците.

„Предлагаме порастот на платите на вработените во јавниот сектор и на функционерите да биде на еднакви принципи без дискриминација во согласност со договорените принципи во Општиот колективен договор за јавен сектор и правилата за работниците да важат еднакво за функционерите, па доколку Владата смета дека зголемување на платите од 10 % од септември 2023 година и утврдување на методологија за пресметка на платите по принципот просечна бруто-плата и коефициент на сложеност на работното место, но почнувајќи од 1 март 2025 година за работниците, истиот принцип функционерите треба да ги применат и за себе и затоа ССМ го дава овој предлог токму во таа насока на примена на еднакви принципи за платите на сите вработени во јавниот сектор и избрани и именувани функционери, без оглед дали тоа е на централно или на локално ниво.

Како пратеници, ве замолуваме едногласно да ја прифатите иницијативата предложена од ССМ и да ја спроведете постапката за измени и дополнување на законот во најкус рок“, се додава во писмото на Сојузот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: