Во пресрет на нова рунда преговори помеѓу синдикатите, работодавците и Владата, Сојузот на синдикати на Македонија утре во период од 13 до 14 часот ќе го сопрат сообраќајот на улицата Димитрие Чуповски во Скопје, пред средбата на која треба дефинитивно да се знае дали ќе се зголеми минималната плата на 18.000 денари.
Првиот човек на синдикалците е револтиран од односот на работодавачите кои не прифатиле работниците да добијат зголемен минималец, додека Владата ги поддржува заложбите на синдикалците,за минималната плата на 18.000 денари, како и скалесто зголемување на останатите плати на работниците.
Содржината продолжува под рекламата
Од Сојузот на синдикати најавија ако на средбата утре не се прифатат нивните барања, почнуваат со генерален штрајк.
Можеби ќе ве интересира: