Стабилна е состојбата кај 42 годишниот велешанец заболен од конго-кримската хеморагична треска

Infektivna klinika Skopje 1
Infektivna klinika Skopje 1

Стабилна е здравствената состојба на 42 годишниот велешанец кај кого е потврдена конго-кримската хеморагична треска. Тој ноќеска немал температура и нема влошување на клиничката слика, информираа од Клиниката за инфективни болести.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Стабилна е здравствената состојба и на вработената од Инфективната клиника која се зарази од починатата жена од Штип која беше дијагностицирана со конго-кримската хеморагична треска.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Денеска заседава и комисијата за заразни болести по која прес конференција ќе одржи претседателот на комисијата Александар Петличковски.

Според досегашните информации велешанецот најверојатно бил каснат од крлеж додека рибарел покрај Вардар. Екипи од Ветеринарниот факултет се на терен во велешко и во Штип, со цел заловување на инсекти и нивно испитување, вчера го посетиле и епидемолози, ветеринари, служби од Агенцијата за храна и ветеринарство и од Факултетот за ветерина.

Денеска заседаваше Комисијата за заразни болести. Здравстените власти тврдат дека со навремена превенција е спречено ширање на болеста.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: