Стартува футсал лигата, Кеги Моби гостува кај Железарец

Kegi Mobi Zelezarec
Kegi Mobi Zelezarec

Викендов стартуваше новата сезона во Првата македонска футсал лига. И оваа година 10 екипи ќе се борат за титулата. Екипите на Проект и Арбен Бајрами се исклучени од натпреварувањата по минатогодишните сомнителни резултати, кои придонесоа да нема завршница на првенството.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Ждребот сакаше велешкиот футсал клуб Кеги Моби и оваа година да го започне првенството против екипата на КМФ Железарец, овој пат на гостински терен. Тимот на КМФ Кеги Моби направи неколку подготвителни тренинзи без подготвителен натпревар ќе го започне ова првенство во истиот добро познат состав од лани освежен со неколку млади сили од Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Една година поискусни во ова натпреварување и екипа за пример како треба да се натпреварува од почеток до крај без калкулации без буквално ништо неспортски, кога е во прашање футсал, дисциплина, коректност кон противник, услови за игра и се останато тоа те асоција на КМФ Кеги Моби Велес може да се каже единствената екипа која поседува се од тоа за да биде футсалот на највисоко ниво. Прво коло иста среќа како лани, се погоди да гостуваме во Скопје во Автокоманда кај нашите добри познаници екипата на КМФ Железарец. Да обрнеме малку внимание и посветиме збор два за нивниот бивши пред неполн месец дена починат директор и владник на клубот Крцко кој прерано не напушти и значеше за пример како човек треба да има пристап кон работите во кои е посочен и сака да ги работи“, изјави Кирил Ивановски

Натпреварот против КМФ Железарец ќе се одигра денес со почеток од 12 часот, во скопската населба Автокоманда. На останатите натпревари се среќаваат, Овче Поле 2013 – Карадаку, Шкупи – Осогово, Црна Река – Форца 2015 и Клими – Бутел.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: