Стартуваше новата сезона од Третата лига – Југ

Prevalec Ilinden Basino selo
Prevalec Ilinden Basino selo

Вчера започна новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Југ. Превалец со службени 3:0 го доби натпреварот со Напредок од Крушени, откако гостите не се појавија на теренот. Во наредното коло превалчани гостуваат кај екипата на Ново Црнилиште, која беше торпедирана од екипата на Росоман со резултат 5:1 во првото коло.

Zito akcija 640x289px

На останатите натпревари Слога 1976 Лажани на домашен терен триумфираше минимално со 1:0 над Динамо, Бучин на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Возарци. Марена со победа ја започна новата сезона, откако со 1:0 беше подобар противник од Младост 1930 од Кривогаштани.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Обршани на домашен терен загуби од Питу Гули со 0:1, а Вардар Неготино го доби Големо Коњари со 3:2.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: