Со двата гола на Дејан Стефановски, Превалец го совлада тимот на Младост од Кривогаштани и им се врати на победите во Третата фудбалска лига – Југ.
Во доста борбен натпревар од страна на двете екипи, со желба за победа, сепак домашниот тим беше тој кој ги освои трите бода. Резултатот беше отворен преку Дејан Стефановски уште во 7 минута, а конечниот резултат го постигна истиот играч во 87 минута.
По 12 одиграни кола, Превалец се наоѓа на четвртата позиција со освоени 19 бода, или шест помалку од лидерот Големо Коњари. Во последното есенско коло, Превалец гостува во Крушево кај екипата на Питу Гули.