Престојниот викенд ќе се одиграаат напреварите од 20 коло од Првата фудбалска лига. Екипата на Борец гостува во Скопје кај Македонија Ѓорче Петров.
ФФМ ги делегираше судиите за натпреварите од ова 20 коло. Екипите на Работнички и Силекс ќе го отворат колото во сабота а правдата ќе ја дели Грујоски Александар од Кичево.
На центарот во Ѓорче Петров ќе се најде Игор Стојчевски, а помошници ќе му бидат Неделкоски Дејан и Димитријевиќ Дејан сите од Скопје.
Честа да ја дели правдата на натпреварот во Тетово помеѓу Шкендија и Вардар ја доби Александар Ставрев. Игор Иванов од Велес ќе означи почеток на натпреварот меѓу Пелистер и Ренова.
Во Струмица на натпреварот Беласица – Струга Трим Љум, главен судија ќе биде Трпчевски Стојанче од Кавадарци.Дуелот меѓу Шкупи и Академија Пандев в недела попладне му е доверено на Јован Качески од Струга.
Сите натпревари закажани се во терминот од 14:00 часот.
Можеби ќе ве интересира: