Следен предизвик за ракометарите на Фруитленд Борец ќе биде суперлигашкиот дуел против екипата на Струга. Со овој натпревар започнува вториот круг од ракометната Суперлига.
На првата средба, велешани триумфираа со 31:30, па затоа владее и оптимизам кај велешката јавност дека Фруитленд Борец ќе го забележи вториот триумф во сезоната.
Овој натпревар од 12 коло во Супер лигата е закажан за сабота 23 ноември, во спортската сала „Гемиџии“ со почеток во 18:00 часот, а влезот ќе чини 50 денари. Натпреварот ќе го суди прилепска судиска двојка, Рубин Седлоски и Горан Ангелески.