Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше извлечена ждрепката за осминафиналето од купот на Македонија. Екипата на Струга Трим Љум е противникот на Борец на патот кон 1/4 финалето од Купот на Македонија.
Актуелниот освојувач на купот на Македонија, тимот на Силекс кој во моментов е второлигаш ќе се сретне со тимот на Беласица.Во локално дерби, Вардар ќе го пречека тимот на Скопје , додека Шкендија ќе игра против Ренова.
Содржината продолжува под рекламата
Осминафинални парови во Купот на Македонија се:
Струга Трим Љум – Борец 1919
Академија Пандев– Македонија ЃП
Шкендија – Ренова
Вардар – Скопје
Брегалница – Охрид
Беласица – Силекс
Пелистер – Работнички
Шкупи -Тиквеш 1930
Натпреварите од 1/8 финалната фаза ќе се одиграат на 20. октомври 2021. со почеток во 14:00 часот. Еден натпревар одлучува за место на екипите во 1/4 финалето од Купот на Македонија.
Mожеби ќе ве интересира: