Струјата во прв блок поевтинува, поскапува во третиот и четвртиот блок

Stedenje na struja

Корисниците на електрична енергија од првиот блок, кои имаат најмала потрошувачка, од 1 јануари ќе плаќаат поевтина струја, цената на струјата за корисниците од вториот блок останува иста, а поскапува струјата за корисниците од третиот и од четвртиот блок. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, ги соопшти нивите цени на струјата за домаќинства.

Zito akcija 640x289px

„Цената на струјата од 1 јануари за првиот блок се намалува 5,16 %, за вториот блок и евтината се исти, за третиот блок се зголемува 2,88 % и за четвртиот блок се зголемува 1,86 %. Доколку не се воведеше надоместок за пристап кон мрежата, цената на првиот блок ќе се зголемеше 3,4 %, вториот блок се зголемува 8,62 %, третиот блок 9,46 %, четвртиот блок 4,92 % и евтината тарифа 15,42 %“, вели Бислимовски.

Agria

Со новиот концепт пристап кон мрежа, надоместокот што ќе изнесува 200 денари, а ќе го плаќаат сите корисници, Бислимовски смета дека е напраева фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи што повремено ги користат објектите, а мрежарината се намалува речиси 23 %.

АД МЕПСО, „Електродистрибуција“ и МЕМО побараа од Регулаторната комисија струјата од 1 јануари да поскапи 27 % но можноста за толкаво поскапување претседателот Бислимовски ја исклучи набргу по добивањето на барањата со најава дека ќе се анализираат пресметките.

Пред две недели министерот за економија, Крешник Бектеши, уверуваше дека струјата нема да поскапи од 1 јануари оти барањата за поскапување од 27 %, најверојатно, нема да бидат прифатени. За корисниците од првиот и вториот блок, рече дека не очекува промена во сметките, но можни измени најави кај оние што се поголеми потрошувачи.

Можеби ќе ве интересира: