Студентите повторно ги повикаа пратениците од сите партии да ги прифатат амандманите на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, кои се однесуваат на зголемување на износот на субвенциониран студентски оброк на 160 денари и продолжување на рокот за субвенционирање студентски оброк, а не како што се предлага тој да биде до март 2023 година.
„Доста е од тоа 30 години политичките елити да мислат само на себе и да се хранат со октоподи, бифтеци и слично, а да нема пари за македонскиот студент. Не смее да си дозволиме да штедиме на младите луѓе. Потребно е и итно решавање на другите наши проблеми, како што се: износот на стипендиите, мерките за штедење електрична енергија и условите во студентските домови.
Доста е од приказни за работни групи, планови, одбори и слично кога студентите гладуваат и смрзнуваат. Се гледаме денес во 17.30 часот пред Владата на студентски марш по повод 17 Ноември, Меѓународниот ден на студентите, заедно да се избориме за она што ни следува. Студентскиот стандард мора да се подобри!“, велат од Студентскиот отпор.
Можеби ќе ве интересира: