Паузата поради вториот овосезонски репрезентативен прозорец заврши, а со тоа прволигашите се враќаат на фудбалските борилишта. Овој викенд на програмата следува десетото коло во Првата македонска фудбалска лига, кое поради изборниот ден, наместо во недела ќе се одигра во сабота.
Содржината продолжува под рекламата
Борец гостува во Струга, а ФФМ ја одреди судиската тројка која доаѓа од Кичево. Марјан Стојановски ќе биде главен судија, додека неговите сограѓани Давор Цветановски и Мартин Дејаноски ќе му бидат помошници.
Содржината продолжува под рекламата
Лидерот Шкупи победничката серија ќе проба да ја продолжи во Кавадарци, каде го чека дуел со Тиквеш, а овој дуел Игор Стојчевски од Скопје. Во Струмица Академија Пандев ќе ја пречека Шкендија а на центарот на овој дуел ќе застане Стојанче Трпевски од Кавадарци.
Содржината продолжува под рекламата
Александар Грујоски ќе биде на центарот во Штип на дуелот Брегалница и Македонија Ѓорче Петров, Ренова ќе го пречека Пелистер, а главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга, додека на скопската пресметка помеѓу Работнички и Скопје делител на правдата ќе биде Александар Ставрев.
Сите натпревари ќе се одиграат во сабота со почеток од 14 часо, освен натпреварот Работнички – Скопје кој ќе се одигра утре исто така со почеток од 14 часот.
Mожеби ќе ве интересира: