Суспендиран стадионот во Кавадарци, службена победа за Вардар

Фудбалската федерација на Македонија и официјално го суспендираше „Градскиот стадион“ во Кавадарци по инцидентите што се случија за време на натпреварот помеѓу Тиквеш и Вардар одигран во неделата во рамки на 6.коло во Првата македонска фудбалска лига. Скопскиот тим службено го добива натпреварот.

Zito akcija 640x289px

Главниот судија на дуелот Александар Ставрев го прекина натпреварот во судиското продолжение откако неговиот помошник Гоце Петрески беше удрен со пластично шише од публиката во Кавадарци. До тој момент Вардар водеше со 0-1.

Agria

ФФМ одлучи да го суспендира теренот на Тиквеш до донесување на конечната одлука на Дисциплинската комисија. Можно е „Градскиот стадион“ во Кавадарци да биде суспендиран за неколку натпревари и Тиквеш да игра како домаќин на друг стадион или без публика.
Комисијата за натпревари при ФФМ го регистрираше натпреварот со службена победа за Вардар од 0-3.

За потсетување, до инцидентот дојде во самиот финиш откако Тиквеш постигна гол за 1-1, но истиот беше поништен поради офсајд. Тоа предизвика револт кај домашните навивачи, кои потоа го удрија помошникот судија со полно пластично шише.

Интересно е тоа што Тиквеш во неделата во своето соопштение на социјалните мрежи тврдеше дека помошникот судија не бил удрен со тврд предмет од публиката и дека симулирал повреда, бидејќи сакал да ја сокрие својата погрешна проценка при голот на домашниот тим.

Можеби ќе ве интересира: