Синоќа во Народниот театар „Јордан Хаџи-Констатинов Џинот“ во Велес беше отворен фестивалот „5ре”, во чест на бардот на македонското глумиште Петре Прличко. На свеченото отворање, на актерот и шоунен Игор Џамбазов инаку внук на Прличко, му беше врачена наградата за животно дело „Петре Прличко”. Во чест на наградениот, свое стендап шоу имаше актерот Бојан Кирковски.
Вечерва во 20 часот на програмата на фестивалот е претставата „Странци“, во изведба на Драмскиот театар од Скопје, на 21 мај во сабота ќе гостува прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со комедијата „Да Инспекторе“. На 25 мај е претставата „Вардарски пастуви“ на Тетарот Комедија од Скопје, а на 26 мај „Пасивно пушење“ со гостување на штипскиот театар. Сите претстави ќе бидат на сцената на велешкиот Народен театар, освен последната на 28 мај кога е и затворањето на фестивалот на отворено, на сцената во Младинскиот парк, љубителите на стендап комедијата ќе го видат шоуто STAND UP со Тино и Атанас.
Содржината продолжува под рекламата
Во рамки на фестивалот ќе има и две детски претстави кои се бесплатни. Првата е со наслов “Чунголунговски, Пепелашка и Принцот Тортичка“ и ќе се одигра на 26 мај во 13 часот, а втората е на 28 мај, во 12 часот, кога ќе гостува Театарот за деца и младинци со претставата „Супербајкастично“.
Можеби ќе ве интересира: