Џо Бајден е новиот претседател на САД

Џо Бајден ќе биде 46. претседател на САД, објавија светските медиуми,  откако Пенсилванија прогласи негова победа.

Zito akcija 640x289px

Иако неколку сојузни држави се уште ги немаат објавено резултатите од гласањето, победата во Пенсилванија му носи 20 електорски гласови, доволно за да го надмине прагот од потребните 270. На национално ниво, тој досега има освоено над четири милиони гласови повеќе од Доналд Трамп.

Agria

Бајден ќе има 78 години на инаугурацијата, со што ќе биде најстариот претседател во историјата на САД. Тој се враќа во Белата куќа после четири години, откако претходно беше потпретседател во двата мандата на Барак Обама.

Истовремено, Камала Харис ќе биде прва жена на функцијата потпретседател.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15266/nov-smrten-sluchaj-od-koronavirus-vo-veles-od-deneska-i-fizikalna-e-kovid-czentar/