На парламентарните, покраински и локални избори во Србија во убедливо водство е Српската напредна партија предводена од Александар Вучиќ. Од засега неофицијалните избори партијата на Вучиќ освоила над 62,5 проценти гласови.
Според досегашните резултати, Српската напредна странка освои 63,4% гласови, што ќе ѝ донесе дури 180 пратенички места од можни 250, а на второто место е нејзиниот коалициски партнер Социјалистичка партија со 10,3%. На трето место по освоени гласови е партијата на Александар Шапиќ, СПАС, со 3,9% гласови.
Лидерот на движењето Сојуз за Србија Драган Ѓилас, кој го предводеше бојкотот на опозицијата, изјави дека граѓаните денеска му кажале големо „НЕ“ на режимот на Александар Вучиќ.
„Бојкотот ја исполни својата смисла и го соголи режимот. Според наши информации, на повеќе од пет отсто избирачки места се забележани закани кон гласачите“, кажа Ѓилас.
Излезноста на изборите, според државната изборна комисија била 45%.
Можеби ќе ве интересира: