Светската здравствена организација прогласи глобална пандемија на коронавирус.
„СЗО ја проценуваше оваа епидемија од минута во минута и ние сме длабоко загрижени за алармантната стапка на која се шири вирусот и сериозната состојба на заразените“, рече на прес-конференција шефот на СЗО.
„Затоа решивме да објавиме дека ширењето на Ковид 19 може да се карактеризира како пандемија“, додаде Тедрос Аданом Габриезус.