Новата година пристигна во Нов Зеланд, а спектакуларен огномет се одржа во Оукленд на полноќ.
На пристаништето во Оукленд се собраа илјадници граѓани да го прослават дочекот на новата година. Иаку, Нов Зеланд успешно се справи со пандемијата и за време на дочекот, граѓаните можеа без ограничувања да го проследат огнометот.
Сепак, многу земји во светот ги откажаа приемите на отворено. Улиците ќе бидат пусти на новогодишната ноќ, а жителите ќе можат да гледаат огномет од нивните топли домови.
Претходно новата 20201 година ја пречекаа Самоа и Кирибати.
Можеби ќе ве интересира: