Со денешното свечено отворање во Сиднеј, Австралија, официјално започна Светското првенство во кајак слалом, најголемиот и најпрестижен настан за оваа година во овој воден спорт.
На првенството учествуваат најдобрите кајакари од целиот свет, а македонските бои ќе ги брани велешанецот Ангел Петрушев. Тој ќе настапи во дисциплината K1 (кајак едносед) на 1 октомври, со почеток во 11:37 часот по локално време, каде што ќе се натпреварува со уште 77 елитни спортисти.
Првенството претставува важна шанса за настап на светската сцена, а учеството на Петрушев е значаен чекор за развојот и промоцијата на слалом кајакот во Македонија.
Македонската спортска јавност со внимание ќе го следи настапот на младиот спортист, надевајќи се на добар пласман и нови спортски успеси.