Полицијата вчера казни 65 велешани кои не носеле маски. За истиот прекршок во Кавадарци се изречени 19 казни, а во Неготино девет граѓани кои не носеле маски, ќе мора да платат глоба од 20, односно 10 евра.
„Во период 08./09.10.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe 93 лица, и тоа, 65 во Велес, 19 во Кавадарци и девет во Неготино.“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Казните се изрекуваат според член 6 став 1 од Уредбата за носење на лична заштита на лицето.
Можеби ќе ве интересира: