СЗО: Овој период на поголема заштита треба да се гледа како прекин на огнот

Директорот на Светската здравствена организација за Европа вели дека континентот набргу би можел да влезе во долг и мирен период од пандемијата на коронавирусот, пренесува Би-би-си.

Zito akcija 640x289px

Ханс Клуге ги наведе високите стапки на вакцинација, крајот на зимата и помалку тешката природа на омикрон-сојот како причина за оптимизам. Обраќајќи им се на новинарите, тој рече: „Овој период на поголема заштита треба да се гледа како прекин на огнот, што може да ни донесе траен мир“.

Agria

Најавата доаѓа откако голем број европски земји ги укинаа сите епидемиолошки мерки. Претходно оваа недела, Данска стана првата земја во Европската Унија што ги укина сите мерки, вклучително и носењето маски.

Иако случаите таму сè уште се релативно високи, властите велат дека вирусот повеќе не се квалификува како критична закана со високата стапка на вакцинација што помага населението да се заштити од сериозната болест. Норвешка исто така најави укинување на мерките, а Шведска во четвртокот објави дека исто така ќе ги укине речиси сите мерки на 9 февруари.

„Пандемијата не е завршена, но влегуваме во сосема нова фаза“, изјави шведската премиерка Магдалена Андерсон за новинарите.

Клуге денеска ги повика европските нации да продолжат со кампањите за вакцинација. Но, тој рече дека е уверен оти континентот ќе биде во подобра позиција, дури и со повирулентниот сој омикрон.

„Верувам дека е можно да се одговори на новите варијанти, кои неизбежно ќе се појават без повторно инсталирање на мерките што ни беа потребни порано“, додаде Клуге.

Тој истакна дека речиси 12 милиони нови случаи на коронавирус биле откриени во Европа минатата недела.

Клуге повика на индивидуална одговорност, понатамошна заштита на ризичните групи и, како што рече, на драстично и бескомпромисно зголемување на споделувањето вакцини преку границите за да се помогне во заштитата во целиот свет.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/27365/nbrm-so-predupreduvane-do-graganite/