Ниту 12 гола на Табаков не го спречи поразот на кадети на Борец од Текстилец. Во спортската сала„Гемиџии“ во рамките на осмото коло на Кадетската ракометна лига група А, штипјани високо ги поразија домаќините со 33:40.
Мотивираните гости имаа лесна задача да дојдат до триумф на натпреварот бидејќи во екипата на Борец недостасуваа неколку играчи, а и недостасуваше поддршка од голманите. Разликата ја направи гостинскиот голман Стефан Шутев кој одбрани неколку клучни удари.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасен кај домашните одново беше Табаков со 12 постигнати погодоци, додека кај гостите Величков и Атанасов постигнаа по осум голови. Со овој пораз кадетите на Борец и теоретски ги загубија шансите да го освојат првото место во групaта кое води во разигрувањето за титула.
Содржината продолжува под рекламата
Целиот натпревар помеѓу екипите на Борец и Текстилец може да го погледнете тука
Можеби ќе ве интересира: