Претседателскиот кандидат на коалицијата ВРЕДИ, во која се здружени опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, смета дека предност пред директниот противкандидат Бујар Османи од ДУИ е неговата „чиста“ политичка кариера, без скандали и афери.
Но, Таравари во интервјуто за РСЕ најави и дека ќе се повлече од политиката ако ги изгуби изборите.
„Ако не победиме на овие избори, мислам дека така треба да биде. И во целиот западен свет е така, во сите развиени демократии е така. Ако изгубите избори, барем пред органите на партијата…иако кај нас имаше одредени случувања, не ми се дозволи од сопартијците барем едни избори да ги терам до крај. А јас им кажав, барам доверба од сите вас. Еден пар избори до 8 мај, ако не победиме на 8 мај, јас сум тука да дадам оставка и немаше да има сила која може да ме запре да не дадам оставка доколку бевме обединети и не победевме. И вака ќе победиме“, изјави Таравари.
Целото интервју на Арбен Таравари можете да го погледнете тука.
Moжеби ќе ве интересира: